Од август ќе се реконструираат 60 регионални патишта

Bez autora
Jul 26 2010

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најавува големи градежни активности на патната инфраструктура во земјава. Тој при вчерашната обиколка на патниот правец Прилеп - Кривогаштани рече дека од наредниот месец ќе почнат активности на околу шеесетина патни правци кои треба да бидат готови за две години. Патниот правец Прилеп - Кривогаштани е еден од 11-те регионални патишта во Македонија кои овој период се реконструираат за да се подобрат инфраструктурата и животот на населението. Работите се одвиваат според планираното - изјави Јанакиески кој кај Кривогаштани ги надгледуваше работите што ги изведува градежната компанија Алпине. Тој очекува до крајот на октомври да заврши реконструкцијата на сите патни правци. Патот Прилеп - Кривогаштани е во должина од 22 километри и чини 2,3 милиони евра. Единаесетте регионални патишта во вкупна должина од 250 километри се едната фаза од изградба на инфраструктурата во Македонија со кредит од Светска банка. Јанакиески истакна дека заедно со општините ќе се реконструираат и 200 локални патишта што е другата фаза од проектот.

Од август ќе се реконструираат 60 регионални патиштаМинистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најавува големи градежни активности на патната инфраструктура во земјава.

Тој при вчерашната обиколка на патниот правец Прилеп - Кривогаштани рече дека од наредниот месец ќе почнат активности на околу шеесетина патни правци кои треба да бидат готови за две години.

- Патниот правец Прилеп - Кривогаштани е еден од 11-те регионални патишта во Македонија кои овој период се реконструираат за да се подобрат инфраструктурата и животот на населението. Работите се одвиваат според планираното - изјави Јанакиески кој кај Кривогаштани ги надгледуваше работите што ги изведува градежната компанија Алпине. Тој очекува до крајот на октомври да заврши реконструкцијата на сите патни правци.

Патот Прилеп - Кривогаштани е во должина од 22 километри и чини 2,3 милиони евра. Единаесетте регионални патишта во вкупна должина од 250 километри се едната фаза од изградба на инфраструктурата во Македонија со кредит од Светска банка. Јанакиески истакна дека заедно со општините ќе се реконструираат и 200 локални патишта што е другата фаза од проектот.

- Во моментов има градежни работи на повеќе делници предвидени со програмата на Агенцијата за патишта - рече Јанакиески.

Тој појасни дека во тек е реконструкција на пет регионални патишта, како што е патниот правец до Порече, обиколницата околу Охрид која ќе заврши оваа година, патниот правец Струмица - Радовиш. Интензивно се работи на завршување на патниот правец Табановце - Куманово кој е дел од Коридорот 10.

-В година најголем акцент ќе ставиме на Коридорот 10 и на негово целосно завршување. Во финална фаза се преговорите со Европската банка за обнова и развој и со Европската инвестициска банка и дел од средствата од фондовите ИПА - вели Јанакиески.

Тој најави дека до крајот на август ќе се знаат компаниите кои ќе влезат во вториот круг, односно тие кои треба да дадат финансиска понуда.

- Се очекува концесионерот на македонските патишта да се знае до крајот на годинава. Тоа е инвестиција од една милијарда евра - рече Јанакиески.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, со реконструкцијата на регионалниот пат Прилеп - Кривогаштани ќе се уреди еден од четирите излези од Прилеп и ќе се подобрат врските со населените места.

Паралелно се работи и на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод. Интензивно се работи на локалните патишта во општината.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik